top of page

Проектот беше реализиран на 15.10.2013  во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“- Скопје, во соработка со стручни лица од Министерството за внатрешни работи и  Директорите на основните училишта и детските градинки, кои во реализацијата на овој Проект препознаа бенефит за  учениците односно децата. Сообраќајните правила и прописи во Република Македонија се усогласени со правилата и прописите на ЕУ.

Методите за пренесување на информациите беа прилагодени на возраста на децата, заради што едукацијата се реализираше  во три групи. Првиот дел од едукацијата беше презентација во училница со надгледни сретства и интересни анимирани или документарни филмови, во зависност од возраста на групата. Вториот дел за секоја група беше практичен, односно се случуваше на полигонот во училиштето Ѓорѓија Пулевски. Тука, во реални услови и симулирани ситуации, децата беа потикнувани сами да донесуваат одлуки за безбедно справување со најчестите предизвици во сообраќајот.

 

Цел: Запознавање на учениците од основните училишта и децата од детските градинки за безбедноста во сообраќајот преку предавања и практична настава поврзана со сообраќајната безбедност.

 

Целна група: Ученици од второ и четврто одделение од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ и ОУ„Лазо Ангеловски“,  како и децата од предучилишна возраст од градинката Срничка со седиште во општина Аеродром.

 

bottom of page