top of page

МААЛСКИ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ

Здружението  СВЕТ ЗА СИТЕ Скопје во соработка со Здруженијата ОПШЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ Скопје и УРБАНО ОПШЕСТВО Скопје реализираше Проект насловен  МААЛСКИ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ.

Настанот се одржa на 03.03.2013 година од 14 до 16 часот на спортското игралиште НОВО ЛИСИЧЕ.

 

Целна група: Ученици и наставници од основните училишта во Општина Аеродром

 

Цел: Реафирмирање на маалските спортски игри кои се подзаборавени под налетот на новите технолологии и виртуелните електронски игри. Исто така целта беше да се промовираат и потикнат здрави практики преку спортување и дружење како неопходни квалитативни компоненти во животот на секој човек, особено на младите.

bottom of page